POTO

 

РОТО е семејно претпријатие со повеќе од 60 години традиција. Производството е организирано во 4 држави, каде што во шест фабрики прозведуваме преку 4000 различни пластични производи под 6 трговски марки, со кои сме присутни во 52 држави на сите континенти.

Во групата РОТО создаваме иновативни, техничко и на високо ниво обликувани пластични производи и решенија, кои се во исто време лесни за користење и со еколошки стандарди.
РОТО учествува во сите фази на деловниот циклус односно од самата изработка на алатките, развојот и подготовката на материјалот, изработка на крајниот производ, вклучително и монтажа, продажба и маркетинг, логистика, како и целосно одржување на производите.

РОТО во своите лаборатории во центарот за развој секоја недела развива 2 нови производи. Постојано го шириме производниот капацитет и уведуваме нови технологии, а нашите производи се изложени на 28 меѓународни саеми низ светот секоја година.

РОТО е лидер во Европа во областа на развојот и производството на пречистителни станици и други еколошки производи. Во последните 2 децении вградивме преку 20.000 решенија за чиста и отпадна вода во Европа, Африка, Азија и САД.

РОТО е значаен дистрибутер и партнер на големи мултниационални концерни, каде што нашите предложени решенија во автомобилската и бродската индустрија често пати знаат да бидат многу значајни во понатамошниот развој на деловните партнери. Таков вид на производи представуваат резервоарите за мотори и тркачки едрилици, како и најразлични компоненти за електрични авотмобили и авиони итн.